24фудбал

Во домот на Роналдо, му ги бакнуваа копачките на Меси (ВИДЕО)

На вчерашниот дуел помеѓу Спортинг и Барселона, фан влезе на теренот за да изрази посебна почит кон Лео Меси, навивачот клекна на колена и ја банка левата копачка на Аргентинецот

Лига на Шампиони

Лео Меси немаше добра партија на „Жозе Алваладе“, но неговото издание во домот на Кристијано Роналдо ќе биде запаметено по потегот кој го направи еден навивач.

Кон финишот на натпреварот, еден фан влезе на теренот и изрази посебна почит кон Лео Меси.

Откако го прегрна Аргентинецот, навивачот клекна на колена и ја бакна левата копачка на Лео Меси.

На публиката не и се допадна ова, па веднаш почна да го скандира „Кристијано Роналдо“, името на својот поранешен миленик и лут ривал на Лео Меси.