Категорија: Македонија 07.10.2017 00:40
„Црвено-жолтите“ имаа уште едно одлично издание против „Аѕурите“, но за разлика од средбата во Скопје кога останавме со празни раце, избраниците на Ангеловски вчерва се изборија за реми и голем бод.
Италија поведе преку Кјелини, но во вториот дел, Александар Трајковски го матираше Џиџи Буфон за 1-1.
„Мислам дека се браневме добро и го извадивме максимумот од контра нападите” – рече Горан Пандев за Раи по крајот на натпреварот.
„Така се игра против големите репрезентации, во спротивно ќе примите три или четири гола”.
„Имаме млади играчи кои постојано бележат прогрес и се надевам дека ќе бидеме уште подобри во иднина”.
Запрашан дали „Аѕурите“ треба да стравуваат за учеството на мундијалот во Русија, Пандев вели: „Мислам дека Италија има одличен состав со многу шампиони и ќе патува за Русија”.
„Можеше да се види дека вечерва немаа за што да играат, бидејќи знаеа дека и онака ќе бидат втори”.