24фудбал

Буфон не сакаше да го размени дресот со Димитриевски (ВИДЕО)

Легендата на Италија, Џиџи Буфон не сакаше да го размени дресот со Столе Димитриевски, но голманот на „Аѕурите“ имаше добра причина за тоа, дресот кој го носеше против Македонија беше специјален

СП 2018

Против „Црвено-жолтите“, Италија го презентираше новиот дрес, а во чест на 20 годишната кариера на Џиџи Буфон со „Аѕурите“, беше направена специјална промоција.

И додека домаќините настапија со гостинскиот дрес во бела боја, легендата помеѓу стативите за прв пат го облече „синиот“ дрес како награда за напорната работа и посветеноста во изминатите две децении.

По крајот на натпреварот, Столе Димитриевски сакаше успомен и проба да го размени дресот со Џиџи Буфон, но иконата на светскиот фудбал за жал мораше да го одбие Македонецот.