24фудбал

Пред неколку дена Дик Адвокат: Прашањето ви е глупаво, Шведска нема шанси да победи со 8-0... Шведска сега... (ВИДЕО)

Велат кој последен се смее, најслатко се смее и Швеѓаните имаат причина токму за тоа откако денеска го декласираа Луксембург со 8-0

СП 2018

Во пресрет на натпреварите од претпоследното коло во Групата А, селекторот на Холандија, Дик Адвокат беше запрашан дали шансите на „Лалињата“ за пласман на мундијалот во Русија можат да бидат драстично намалени доколку Шведска го декласира Луксембург со 8-0.

На ова, тој одговори:  „Нема да победат со 8-0, ова е глупаво прашање. Нема шанси да победат 8-0, не верувам дека можат до ваков резултат“.

Шведска денеска навистина победи со 8-0, па Холандија е на чекор да пропушти уште едно големо натпреварување.

На „Лалињата“ ќе им треба чудо против Шведска во последното коло и победа од 7-1 или подобар резултат од овој за место во баражот.