24фудбал

Газда Ѕампарини му се намерачил на Трајковски: Не ми значи ништо голот што му го даде на Буфон

Првиот човек на Палермо, Маурицио Ѕампарини изненади со својот коментар за голот на Александар Трајковски против Италија, вели дека не му значи ништо овој погодок

Македонија

Минатата недела газда Ѕампарини силно „удри“ по Македонецот и ги критикуваше неговите игри во дресот на Палермо.

„Доколку во предвид не го земеме првиот натпревар од сезоната, не добивме ништо од него. Неговиот придонесе е нула. Се надевам дека ќе се врати на оној стариот Трајковски од пред три години, до овој момент понуди многу малку“ – рече првиот човек на „Сицилијанците“.

По критиките, Александар Трајковски одговори со гол против Италија, тој го матираше Џиџи Буфон и донесе голем бод за Македонија против фаворитот.

И додека многумина на оваа би гледале како позитивна работа, и гол кој ќе му ја подигне самодовербата на играчот, Мауриѕио Ѕампарини наместо да го охрабри фудбалерот, отиде во друг правец.

„Голот што Трајковски му го даде на Џиџи Буфон не ми значи ништо на мене. Неговите погодоци ќе значат за мене и Палермо само кога ќе бидат во розевиот дрес“ – прокоментира сопственикот на клубот.