24фудбал

Спонзорите го напуштаат Милан, по Ауди си оди и Адидас

Медиумите од Италија пишуваат дека германскиот производител на спортска опрема, Адидас одлучил да ја прекина соработката со Милан, и да се откаже од договорт вреден 19,7 милиони евра по сезона

Италија

По 20 години соработка, Адидас го напушта Милан, клубот од Сан Сиро ќе бара нов снабдувач на спортска опрема.

Како што пишуваат медиумите од Италија, Адидас и „Росонерите“ имале договор до 2023 вреден 19,7 милиони евра по сезона, но пред клубот да биде продаден на инвеститори од Кина, германскиот производител на спортска опрема добил опција предвреме да ја прекина соработката.

Адидас одлучил тоа да го стори по крајот на оваа сезона, и да се повлече од соработката со Милан во јуни 2018, а официјалната потврда ќе пристигне во декември или јануари.

Па Милан сега ќе треба да си најде нов снабдувач на спортска опрема, Најк отпаѓа од комбинација поради тоа што е спонзор на локалниот ривал Интер, а како најсериозни кандидати се посочуваат Андер Армор и Њу Баланс.

Ова е втор голем спонзор кој ги напушта „Росонерите“, претходно соработката на крајот од сезоната реши да ја прекине и Ауди.