24фудбал

Јаховиќ револтиран: 30 гола во Турција за една година и повикан како резерва во репрезентацијата?! Браво...

Македонскиот напаѓач разочаран од третманот кој го доби во сениорскиот состав на Македонија.

Македонија

Бобан Николов се здоби со повреда во пресрет на двата последни квалификациски меча против Италија и Лихтенштајн за Мундијалот во Русија, а селекторот Игор Ангеловски дополнително го повика напаѓачот Адис Јаховиќ.

Нашиот бомбардер од турскиот Суперлигаш Гезтепе со седум гола во тамошниот шампионат е еден од најдобрите стрелци заедно со Гомис, Лав и Јилмаз, а тој на социјалните мрежи веќе го изрази своето незадоволство од третманот кој го доби во репрезентацијата на Македонија, не добивајќи шанса на ниту една од двете средби.

30 голови за една година во Турција не се доволни. Прв стрелец во Суперлига на Турција и повикан како резервен играч во репрезентацијата. Браво. Ама јас имам карактер поголем отколку вие сите заедно ДУШМАНИ“ напиша 30 годишниот македонски интернационалец на социјалните мрежи.


Јаховиќ во 15 меча за сениорскиот состав на Македонија постигна три гола досега.