24фудбал

Реал Мадрид ги нуди Бејл, Модриќ и Бензема за еден од најдобрите напаѓачи во Европа

На повидок уште една зделка помеѓу Реал Мадрид и Тотенхем.

Шпанија

Според информациите кои ги пренесуваат дел од медиумите, се вели дека европскиот и шпански првак Реал Мадрид нуди пакет од тројца фудбалери, меѓу кои Герет Бејл, Лука Модриќ и Карим Бензема за напаѓачот на англискиот премиерлигаш Тотенхем, Хари Кејн.


Во последните неколку години Реал Мадрид и Тотенхем направија неколку клучни зделки во однос на трансфери за тимот од Шпанија, а се издвојуваат токму Лука Модриќ и Герет Бејл, кои сега се чини дека се во пакет за враќање во тимот од Северен Лондон.

Нема сомнение дека Кејн е еден од најдобрите напаѓачи во Европа и воедно светот, а доказ за тоа е секако неговиот учинок во премиерлигашот, како и репрезентацијата, оваа година на 37 настапи Кејн постигна 43 погодоци.