24фудбал

Фергусон подал рака за да седне на клупата на Тотенхем, но...

Интересна сторија на поранешниот претседател на Тотенхем.

Англија

Поранешниот претседател на Тотенхем, Ајрвинг Сколар преговарал со Алекс Фергусон во далечната 1984. година за да тогашниот стратег од клупата на шкотски Абердин седне на клупата на тимот од Лондон.

Вистината околу оваа приказна е дека јас бев тој кој преговараше со Алекс Фергусон за соработка. Тој и јас имавме долги, детални и пред сеисцрпни преговори“ вели Сколар во книгата „Вајт Харт Лејн – Победничките години на Спарсите“.

Му кажав дека сум старомодно момче и најважното за мене е кога ќе се ракуваме за некаков договор, штом се ракувате со некого, тоа значи дека договорот треба да се испочитува“ додаде поранешниот претседател на Тотенхем.


Ајрвинг Сколар (првиот од лево, горниот ред)

Ние го имавме моментот на ракување, како што знаете, тој не се придржи до договорот... Никогаш не ми ја кажа причината за тоа, имам сопствени теории но повеќе не е важно, тоа беше големо разочарување за мене, тој остана во Абердин уште две години...“ додава Сколар.

Откако остана во Абердин уште две години, Фергусон го презеде кормилото на Манчестер јунајтед во 1986. година, кога воедно се повлече од клубот каде имаше големи успеси.

Познато е дека Фергусон откри дека ја одбил можноста да го предводи Арсенал во 1986. година, кога добил можност за такво нешто.