24фудбал

Фелипе: Верувам во победа над Шкендија, но ќе ни биде потребна и поддршка од трибините

Бразилецот ги повика навивачите на Вардар за поддршка во саботното дерби со големиот ривал.

Македонија

Вардар во сабота на домашен терен ја пречекува Шкендија во рамките на дербито од 10. Коло од Првата македонска фудбалска лига.

Еден од најдобрите поединци на бранителот на трофејот во нашиот фудбалски шампионат, Хуан Фелипе со респект гледа на ривалот, притоа уверува дека неговиот тим ќе даде се од себе за да стигне до победа, но за тоа ќе биде потребна и поддршка од трибините.

Играме против првопласираниот тим на табелата. Шкендија има многу добар и силен тим, но ние сакаме да победиме и со три бода да им се доближиме на првата позиција. Исто така и Вардар е силна екипа и верувам дека ќе оствариме победа, и на некој начин ќе им вратиме за поразот во првото коло. Играме на домашен терен, ја поканувам публиката  да дојде во поголем број и да биде 12 играч на ова дерби за да дојдеме до трите бода“ изјави Бразилецот од редовите на црвено-црните.

Не само против Шкендија, туку против секој тим секогаш одиме на победа. Секој натпревар во овој шампионат е важен за повторно да ја освоиме титулата. Нашата цел е да бидеме на првото место на крајот од сезоната и затоа на овој натпревар како и на сите одиме на три бода“ додаде Фелипе во изјавата за официјалниот клупски сајт.

Дуелот помеѓу Вардар и Шкендија се игра со почеток од 14,30, а Шкендија е лидер на табелата во Првата лига со 25 бода засега, девет повеќе од Вардар кој притоа има и два меча помалку.

 

Извор/Фото-вест: fkvardar.mk