24фудбал

Станковски: Има напредок, тимот почна да ги применува моите идеи, против Ренова имаме реални шанси за позитивен резултат

Работнички гостува кај Ренова во мини дербито од 10. коло од Првата македонска фудбалска лига викендов.

Македонија

Работнички тргна лошо во новата сезона од македонскиот фудбалски шампионат, а слабите резултати на стартот значеа и жртва во тимот, која ја понесе Виктор Треневски, кој си поднесе оставка од клупата на тимот од Дебар Маало.

Горан Станковски во изминатите две седмици имаше доволно простор и време за да се запознае и да ги претстави своите идеи на неговите избраници откако беше именуван за нов стратег на клупата на Работнички, а тој вели дека во тимот веќе гледа голем напредок.

Паузата беше добредојдена за мене и фудбалерите, да се запознаеме многу подобро и да одработиме дел од планираните активности, за подобрување на одредени сегменти во нашата игра. На изминатите два натпревари на кои го водев тимот од клупата, против Силекс на домашен терен (0-0) и против Скопје на гости (0-0), покажавме завидна дисциплина во дефанзивниот дел, па затоа сега многу повеќе внимание посветив на играта во офанзива. И морам да кажам дека има напредок, тимот почна да ги применува моите идеи“ истакна Станковски.

„Одигравме пријателски натпревар со Шкупи, од кој можам да бидам задоволен. Сега не очекува продолжение на шампионатот и се надевам дека тимот ќе реагира на вистински начин на саботниот натпревар против Ренова во Тетово додате тој во изјавата за официјалниот клупски сајт.

Во сабота, Работнички гостува кај Ренова која исто така не може да се пофали со добар старт во новата сезона, а Станковски верува во своите избраници и очекува позитивен резултат од претстојното гостување.

Ренова е квалитетен тим, составен од фудбалери кои долго време играат заедно и одлично функционираат. Имаат и квалитетен тренер на клупата, но ние веруваме во нашите квалитети и ќе отпатуваме во Тетово за да надигруваме. Мислам дека имаме реални шанси за да оствариме позитивен резултат“ истакна шефот на стручниот штаб на тимот од Дебар Маало.

 

Извор/Фото-вест: fkrabotnicki.com