24фудбал

Најголемата грешка во неговиот живот: Исланѓанецот кој одлучи да игра за САД за да настапи на светско

26 годишниот Арон Јохансон е исмеван на социјалните мержи поради неговата одлука пред четири години да го замени дресот на Исланд со оној на САД за да има поголеми шанси за настап на Светско првенство

СП 2018

„Рибарите“ оваа недела испишаа нова историја откако обезбедија настап на нов голем собир, Исланд стана најмалата земја која изборила пласман на Светско првенство.

Но на ваквиот успех не се радува еден Исланѓанец, 26 годишниот Арон Јохансон.

Тој е роден во САД од родители Исланѓани, но фудбалската кариера ја започнува во Исланд и настапува за младите категории на оваа репрезентација.

Но во 2013 добива повик од САД, и решава да го прифати зошто така ќе имал поголеми шанси за настап на Светско првенство.

Но за негова несреќа, Исланд во 2016 се избори за настап на Европско, а сега и на светско.

За ситуацијата да биде уште посмешна, САД доживеа шокантна елиминација и нема да патува за Русија.