24фудбал

Меси ќе добие бонус од 90 милиони евра само за да стави потпис на нов договор?!

Медиумите од Англија имаат интересна сторија поврзана со новиот договор на Лео Меси, велат дека Барселона на Аргентинецот ќе му даде бонус од 90 милиони евра само за да стави потпис

Шпанија

„Каталонците“ уште пред неколку месеци соопштија дека ја продолжиле соработката со Лео Меси, но играчот нема ставено потпис на документите па се говори за негово можно заминување од Камп Ноу.

Барселона во неколку наврати порача дека договорот на Лео Меси е валиден, но гласините за негов трансфер не престануваат.

Неодамна се појави нелогична шпекулација според која Манчестер Сити е спремен да плати 400 милиони евра за ангажман на Аргентинецот.

Сега има слична бомбастична вест според која Барса на Лео Меси ќе му даде бонус од 90 милиони евра само за да стави потпис, покрај платата од преку 30 милиони евра која веќе ја има договорено.

Ваквите бонуси се вообичаена работа, но ретко кој добил волку голема сума.

Веста прв ја пренесе Дејли Мејл, весник кој не е близок извор ниту до Барселонан ниту пак до самиот играч, па останува да се види колку има вистина во ваквата сторија.