24фудбал

Навивачите на Реал Сосиедад по крајот на мечот го „тешеа“ Вардар

Голем гест на гостинските фанови од Шпанија по крајот на средбата во Скопје.

Македонија

Вардар забележа нов убедлив пораз пред своја публика во Лига Европа, овој пат од Реал Сосиедад со 0-6 во третото коло од групата „Л“.

Од тоа што можеме да го забележиме, гостинските фанови по крајот на средбата скандираа „Вардар, Вардар...“.

Во четвртото коло токму против Шпанците, овој пат на гостински терен нашиот претставник ќе води битка за првите бодови во својата дебитантска сезона од Лига Европа.