24фудбал

Канаваро без влакна на јазикот: Збогум за мумиите кои го контролираат италијанскиот фудбал!

Поранешниот репрезентативец на Италија не се штедеше на критиките за шокантната елиминација.

Останато

Една од најпопуларните фудбалски репрезентации во светот, Италија, нема да можеме да ја гледаме на Светското првенство во Русија идната година, Шведска сосема заслужено ги елиминираше „Аѕурите“ во баражот, а не стивнуваат критиките во Италија за шокантната елиминација.

Поранешниот италијански репрезентативец, Паоло Канаваро го критикуваше тамошниот Фудбалски Сојуз и селекторот Џанпјеро Вентура, означувајќи ги како главни виновници, а притоа спомена дека вина имаат и странците кои го земале местото на младите Италијанци во тамошниот фудбалски шампионат.

Светското првенство не е загубено вчера, тоа е загубено уште пред 15 години кога оние кои го водат нашиот фудбал почнаа да доведуваат странци кои го крадеа местото на нашите фудбалери. Им дадовме слава благодарејќи на италијанските тренери, кои и натаму се најдобрите на светот. Сега се надевам дека ќе го допреме дното а потоа веднаш ќе почнеме да работиме на реформите на нашиот фудбал. Збогум за мумиите кои го контролираат италијанскиот фудбал, стигна простор за младите“ рече Канаваро.

После цели 60 години Италија остана без пласман на Мундијал, Шведска пред својата публика во првиот меч славеше минимално со 1-0, синоќа на реваншот во Милано обезбеди реми без голови.