24фудбал

Данска ја потопи Ирска, шоу на Ериксен (ВИДЕО)

Данска со 5-1 победи на гостувањето кај Ирска и се пласира на Светското првенство во Русија, херој на натпреварот беше Кристијан Ериксен кој реализираше хет-трик.

СП 2018

Република Ирска издржа во Данска, со 0-0 се врати од таму и на домашен терен имаше убава шанса да избори пласман на мундијалот, но не успеа.

Натпреварот почна одлично за Ирците, уште во 6. минута Дафи со глава реализираше за водство од 1-0.

Во 29. минута Кристенсен погоди за 1-1, а три минути подоцна Ериксен постигна прекрасен гол за комплетен пресврт и водство на Данска од 1-0.

Ирска се обидуваше да изедначи и да се врати во игра, но Данска беше подобар противник, во 63. минута Ериксен постигнува нов убав гол за водство и од 3-1, тука беа ставени сите дилеми околу победникот.

Десет минути подоцна по една грешка на дефанзивата на Ирска, Ериксен постигнува нов убав гол за негов хет-трик.

Конечните 5-1 беа поставени во 90. минута Бендтнер реализираше од пенал, врз него беше направена и најстрогата казна.