24фудбал

Кантона му го „плесна“ на Нејмар: Имаш 25 години и настапуваш за Барса... Зошто отиде во Франција да играш против Амиен?

Легендата на Франција и Манчестер јунајтед, Ерик Кантона упати остри критики на адреса на Нејмар и се чуди зошто Бразилецот решил да ја напушти Барселона за преселба во ПСЖ и Лиг 1

Франција

Напаѓачот изминатово лето го шокираше фудбалскиот свет кога реши за рекордни 222 милиони евра да си замине од Камп Ноу за авантура на Паркот на Принцовите.

Сега се пишува дека Нејмар жали што ја напуштил Барселона и се шпекулира декa не е среќен од животот во ПСЖ.

И додека кружат најразлични стории за иднината на Бразилецот, Ерик Кантона во разговор со Еуроспорт упати остри критики на адреса на играчот

Легендата на Франција и Манчестер јунајтед се чуди како Нејмар ја напуштил Барселона за да игра во Лиг 1 против екипи како Амиен.

„Кога имаш 25 години и играш за Бразил и Барселона...се чудам што бараш во Лиг 1 да играш против Амиен или Гингамп? – вели Ерик Кантона.

„За Лигата на шампионите? Па тоа се максимум 10 натпревари во сезоната, не разбирам зошто Нејмар се пресели во Франција.

„Јас имам друга перпектива кога е во прашање фудбалот и пасијата.