24фудбал

Тоа го што направи Рашворд во голот на Погба ги воодушеви фановите на Манчестер јунајтед (ФОТО + ВИДЕО)

Феноменален спринт на фудбалерот на Манчестер јунајтед.

Англија

Манчестер јунајтед имаше слаб старт во дуелот против Њукасл на домашен терен викендов во Премиерлигата, тргна со негатива а на крајот славеше со 4-1 и ја одржа трката за титулата.

Марсијал, Смолинг, Погба и Лукаку беа стрелци на головите на победничкиот тим, фановите на Манчестер јунајтед посебно се воодушевени од тоа што го направи Рашворд во голот на Погба за 3-1, во кој тој асистираше.



Рашворд претрча половина од теренот за четири секунди, имаше убава прегледност на играта во оваа ситуација и мајсторски ја спушти до Французинот кому не му беше тешко да ја смести топката во противничката мрежа.