24фудбал

Хрватски „Гол“: Само во Динамо Загреб не се знае кој е капитен, ниту на Адеми не му е јасно што се случува (ФОТО)

Капитенската лента во Динамо Загреб крена прашина во Хрватска, Аријан Адеми во незгодна ситуација.

Македонија

Динамо Загреб полека но сигурно се враќа на врвот во хрватскиот фудбал, по едногодишна пауза хрватскиот гигант е прв на табелата по 16 одиграни кола во тамошниот прволигашки шампионат, и веќе има предност од цели 12 бода во однос на Хајдук и Осијек.

Најновата победа од 2-0 над Локомотива Загреб вчера не е тема низ медиумите во Хрватска, туку нешто сосема друго.

Се шпекулира дека на нашиот репрезентативец и член на Динамо Загреб, Аријан Адеми не му било јасно тоа што „преку ноќ“ станал капитен на тимот, познато е дека тој со Домагој Антолиќ се големи пријатели, а Марио Цвитановиќ направи потег кој се чини дека никој не го разбира во Хрватска.

Нова глупост на Цвитановиќ: Само во Динамо не се знае кој е капитен, а ниту Адеми не му е јасно што се случи...“ пишува хрватското издание на специјализираниот фудбалски портал „Гол“ во својот наслов.


Аријан Адеми е еден од лидерите во соблекувалната и вистинско решение за капитен на тимот, но Догамој Антолиќ не заслужи преку ноќ да ја загуби капитенската лента, тоа никако...“ додава истиот медиум.

Адеми секој ден воодушевува се повеќе и повеќе во Максимир, никој не веруваше дека така ќе се врати на фудбалските терени, токму тој е вистински пакет за капитен, секако, и еден од вистинските лидери во соблекувалната. Но, постои начин и постои ред, а Адеми своите пет минути беше подготвен да ги сочека“ пишува „Гол“.