24фудбал

Бетфер ја исправа неправдата, голот на Меси носи исплата за победа на Барса!

Добра вест за обложувачите од Шпанија кој типувале на победа на „Каталонците“ на Местаља, обложувалницата Бетфер го призна голот на Лео Меси и ќе исплаќа за „двојка“ на Барса

Шпанија

Лео Меси и неговиот чист гол кој судиите не го видоа на вчерашниот натпревар против Валенсија е топ тема низ медиумите ширум светот.

Па скандалозната одлука на Виљанува обложувалницата Бетфер реши да ја искористи за добра промоција, да го признае голот на Аргентинецот и да ги исплати сите облози.

Покрај регуларните облози од официјалниот резултат 1-1, Бетфер ќе им исплати пари и на оние кои се обложиле на победа на Барселона, како и на оние кои се обложиле дека Лео Меси ќе биде прв стрелец или стрелец во тек на натпревар.

Бетфер не соопшти колку илјадници евра ќе ги чини ваквиот потег.