24фудбал

Формата е пролазна, класата е вечна: Гол од половина терен за хет-трик на Руни против Вест Хем (ВИДЕО)

Вејн Руни постигна прекрасен гол од половина терен за да комплетира хет-трик на дуелот со Вест Хем, Англичанецот уште еднаш ја покажа својата класа

Англија

Напаѓачот изминатово лето се врати на Гудисон Парк откако конкуренцијата во Манчестер јунајтед стана голема.

Вејн Руни можеби не блеска со партиите во дресот на Евертон, но вечерва покажа дека формата е пролазна а класата е вечна.

Тој постигна хет-трик против Вест Хем, а мајсторија за најавните шпици беше третиот погодок.

Англичанецот на половина терен начека една лошо исфрлена топка од гостинскиот голман и без многу размислување биеше на прва за прекрасен погодок и огромна радост на трибините.