24фудбал

Англија не е Шпанија и Германија, Гвардиола „пукна“ под притисокот и се расправаше со противнички играч (ВИДЕО)

Пеп Гвардиола рече дека нема да дозволи Премиерлигата да го промени, но очигледно Шпанецот се лажеше, а доказ за тоа е вчерашниот инцидент со Нејтан Редмонд по последниот свиреж на судијата

Англија

Стратегот во Шпанија и Германија практично „се шеташе“ до титулите, но Премиерлигата е сосема друго натпреварување.

Минатата сезона беше најлошата во кариерата на Пеп Гвардиола и тој испиша неколку негативни рекорди за него.

Шпанецот ги увиде грешките па летоска трошеше како никогаш претходно за да направи уште посилен тим. „Граѓаните“ се фантастични до овој момент и имаат +8 на врвот на табелата, но Пеп знае дека на „Островото“ оваа предност може брзо да се стопи.

Манчестер Сити вчера беше на праг на кикс против Саутемптон, но Стерлинг со гол во 96. минута донесе победа.

На Гвардиола не му беше лесно покрај аут линијата, па по последниот свиреж истрча на теренот, влезе во расправија со противнички играч и ги истури фрустрациите врз Нејтан Редмонд.

„Му кажував колку добар играч е. Саутемптон има суперталентирани фудбалери и Редмонд е одличен во играта еден на еден. Минатата сезона тој не уништи, но сега не можеше да напаѓа бидејќи неговиот тим се бранеше. Тие не сакаа да играат, тие го трошеа времето уште од 9. минута. Јас само сакав тие да играат фудбал – се правдаше Пеп на пресот.

Стратегот речиси никогаш претходно не се замерувал со противниците, не влегувал во вакви војни, па дури остануваше и смирен кога „Ел класико“ пресметките беа прилично жешки со Жозе Мурињо на кормилото на Реал Мадрид.