24фудбал

Мурињо збесна и му удри „воспитна“ на Рашворд: Врати се побрзо назад! (ВИДЕО)

Португалецот со воспитна за младиот фудбалер на Манчестер јунајтед.

Англија

Манчестер јунајтед со триумфот на гости кај Ватфорд со 2-4 ја продолжи трката со Манчестер Сити за титулата во англиската Премиерлига.

Интересна реакција имаше португалскиот стратег Жозе Мурињо кој покрај аут линијата реагираше кон Маркус Рашфорд и побара од него брзо да се врати за да помогне во дефанзивата.

Сево ова се случуваше во завршницата од мечот, а Рашворд инаку во игра влезе на местото на Марсијал во 65. минута. 

Многу реакции имаше на социјалните мрежи по оваа реакција на Мурињо, фановите се насмеаа на таа ситуација, а ја бележиме и онаа најдобрата... „воспитната“.