24фудбал

„Лаже!“ – Мурињо „удри“ по Гвардиола а не го заборави ниту Венгер

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо меѓу редови го обвини Пеп Гвардиола дека лаже откако Шпанецот истакна дека Давид Силва е под знак прашалник за градското дерби

Англија

Плејмејкерот не е во составот на „Граѓаните“ за дуелот со Шахтар во Лигата на шампионите, а според Пеп Гвардиола, повредата на Давид Силва е доволно сериозна за тој да ја пропушти пресметката со Манчестер јунајтед во недела.

Но Жозе Мурињо не верува во ваквите зборови и меѓу редови го обвини својот колега дека лаже.

„Специјалниот“ е убеден дека Пеп ја користи тактиката на Арсен Венгер, кој го отпиша Александре Лаказет од пресметката со Манчестер јунајтед, но Французинот потоа се најде во стартниот состав на „Топчиите“.

Кога беше запрашан кој од неговите повредени играчи би можеле да настапат против Манчестер Сити, Жозе Мурињо одговори: „Ја сакате вистината или нешто друго?

„Вистината е дека Ерик Баји нема шанси, Фил Џонс има шанси, Маруан Фелаини има шанси, Златан Ибрахимовиќ има големи шанси, Немања Матиќ е повреден но ќе игра со сигурност. Мајкл Керик нема шанси.

„Јас ви ја кажувам вистината, Матиќ е повреден но ќе игра. Нема приказни како за Давид Силва или Лаказет. Само вистината ја кажувам.

„Нашите противници имаат еден куп проблеми, големи проблеми, но на крајот сите се подготвени да играат.