24фудбал

Ингебритсен и Хансен најавуваат победа над Вардар

Розенборг сака со победа да ја заврши оваа календарска година.

Македонија

Розенборг утревечер гостува кај македонскиот првак Вардар во последното коло од групата „Л“. Во претходниот дуел на домашен терен, норвешкиот претставник славеше со 3-1.

Стратегот од клупата на Розенборг, Каре Ингебритсен, како и капитенот на норвешкиот тим најавуваат победа против црвено-црните.

Ова е крајот на сезоната и сакаме да го завршиме во најдобро можно светло. Сакаме да победиме за подобар рејтинг следната сезона. Ние сме подготвени за предизвикот, за овој натпревар сесе сведува на менталниот склоп“ изјави Ингебритсен.


Ова е последен натпревар за нас во оваа календарска година, сакаме годината да ја завршиме со победа“ најави капитенот на норвешкиот тим, Андре Хансен.