24фудбал

ЛШ: Мајсторија на Роналдо против Борусија Дортмунд, Португалецот постави рекорд (ВИДЕО)

Португалскиот ас постави нов рекорд во елитното европско клупско натпреварување со феноменален погодок.

Лига на Шампиони

Феноменален гол на првата ѕвезда на европскиот првак.

Кристиано Роналдо со вистинска фудбалска мајсторија го постигна голот за водство на Реал Мадрид од 2-0 против Борусија Дортмунд на домашен терен, откако претходно погоди Мајорал.


Од место, Португалецот погоди во небранетиот агол на голот на гостите, а со тоа испиша и историја, стана првиот фудбалер кој постигнал гол на сите шест натпревари во групната фаза од Лигата на шампионите.