24фудбал

ЛШ, полувреме: Ливерпул без милост кон Спартак Москва, Шахтјор ги руши надежите на Наполи, Порто лесно против Монако (ВИДЕО)

Полувреме на вечерашните натпревари од шестото, последно коло во групната фаза од Лигата на шампионите.

Лига на Шампиони

Ливерпул има високо и убедливо водство од 3-0 против Спартак Москва на домашен терен, со двата гола на Кутињо и едниот на Фирмино.

Сепак, дали ќе го сочува до крајот останува да видиме, бидејќи претходно на гостувањето кај Севилја имаше иста таква убедлива предност а на крајот извлече само реми.

Со овој резултат Ливерпул го потврдува првото место во групата. Резултатот од „Енфилд“ и одговара и на Севилја која пак изненадувачки има негатива кај Марибор со 1-0.

Табела, моментално група „Е“: Ливерпул 12, Севилја 8, Спартак Москва 6, Марибор 5.

Порто има предност од 3-0 над Монако на домашен терен по првото полувреме а двете екипи останаа со играч помалку откако исклучени се Фелипе кај домаќините, односно Гезал кај гостите.

Абубакар беше стрелец на два гола за португалскиот тим, еден постигна Брахими. Со оглед на минималната негатива на Лајпциг од 0-1 пред своја публика против Бешикташ, второто место го презеде моментално Порто.

Табела, моментално група „Г“: Бешикташ 14, Порто 10, Лајпциг 7, Монако 2.

Бернард со супер гол ја сруши надежта на Наполи откако Шахтјор дојде до водсто на Манчестер Сити пред своја публика. Украинците со голот на Исмаили имаат и водство од 2-0 на полувремето.

Наполи пак има нерешен резултат на гостувањето кај Феенорд.

Табелата, моментално група „Ф“: Манчестер Сити 15, Шахтјор 12, Наполу 7, Феенорд 1.

 

РЕЗУЛТАТИ И ГОЛОВИ ПО ПРВОТО ПОЛУВРЕМЕ

 

Група „Е“

Ливерпул – Спартак Москва 3:0 (Кутињо 4’, 15’, Фирмино 19’)




Марибор – Севилја 1:0 (Тавареш 10’)


 

Група „Ф“

Шахтјор – Манчестер Сити 2:0 (Бернард 26’, Измаили 32’)



Феенорд – Наполи 1:1 (Зјелински 2’, Јоргенсен 33’)



 

Група „Г“

Лајпциг – Бешикташ 0:1 (Негредо 10’)


Порто – Монако 3:0 (Абубакар 9’, 33’, Брахими 45’)





Група „Х“

Тотенхем – АПОЕЛ 2:0 (Љоренте 20’, Сон 38’)



Реал Мадрид – Борусија Дортмунд 2:1 (Мајорал 8’, Роналдо 13’, Обамејанг 43’)





Фото-вест: uefa.com