24фудбал

ЛШ: Ливерпул го „натовари“ Спартак Москва со седум гола, Порто и Шахтјор во осминафиналето (ВИДЕО)

Со вечерашните натпревари се комплетираше групната фаза од Лигата на шампионите.

Лига на Шампиони

Ливерпул со убедлива победа од 7-0 над Спартак Москва на домашен терен го обезбеди првото место во групата. По два гола постигнаа Мане и Кутињо, по еден реализираа Фирмино и Салах. Севилја одигра само реми со резултат 1-1 на гостувањето кај Марибор.

Табела, група „Е“: Ливерпул 12, Севилја 9, Спартак Москва 6, Марибор 3.

Порто со победата од 5-2 на домашен терен против Монако го обезбеди второто место во својата конкуренција. Абубакар постигна два гола во победата на домаќините, по еден реализираа Брахими, Телеш и . Фалкао и Глик беа стрелци за гостинскиот табор.

Лајпциг со поразот од 1-2 против Бешикташ на домашен терен ќе се задоволи со третото место во својата конкуренција.

Табела, група „Г“: Бешикташ 14, Порто 10, Лајпциг 7, Монако 2.

Наполи загуби кај Феенорд, а Шахтјор обезбеди победа од 2-1 против Манчестер Сити пред своја публика, со што Украинците го потврдија второто место во својата конкуренција. Феенорд инаку ги освои првите бодови оваа сезона во Лигата на шампионите.

Табела, група „Ф“: Манчестер Сити 15, Шахтјор 12, Наполи 6, Феенорд 3.

Борусија Дортмунд (2) како третопласирана патува во Лига Европа од групата „Х“, каде прв е Тотенхем (16), втор Реал Мадрид (13) а последен АПОЕЛ (2).

 

РЕЗУЛТАТИ И ГОЛОВИ ОД ВЕЧЕРАШНИТЕ НАТПРЕВАРИ

 

Група „Е“

Ливерпул – Спартак Москва 7:0 (Кутињо 4’, 15’, 50’, Фирмино 19’, Мане 47’, 76’, Салах 86’)







Марибор – Севилја 1:1 (Тавареш 10’, Гансо 76’)



 

Група „Ф“

Шахтјор – Манчестер Сити 2:1 (Бернард 26’, Измаили 32, Агуеро 90’)




Феенорд – Наполи 1:1 (Зјелински 2’, Јоргенсен 33’)



 

Група „Г“

Лајпциг – Бешикташ 1:2 (Негредо 10’, Кеита 87’, Талиска 90’)




Порто – Монако 5:2 (Абубакар 9’, 33’, Брахими 45’, Телеш 66’, Глик 61, Фалкао 78’, Соарес 88’)








 

Група „Х“

Тотенхем – АПОЕЛ 3:0 (Љоренте 20’, Сон 38’, Нкуду 80’)




Реал Мадрид – Борусија Дортмунд 3:2 (Мајорал 8’, Роналдо 13’, Обамејанг 43’, 49’, Лукас 81’)







Фото-вест: uefa.com