24фудбал

Фалкао погоди против Порто, се извини и доби овации и аплауз од трибините (ВИДЕО)

Убави моменти на мечот во Португалија.

Лига на Шампиони

Монако има сезона во Лигата на шампионите која треба брзо да ја заборави, францускиот тим со пораз од 5-2 ја заврши овосезонската авантура а еден од стрелците на мечот беше и Колумбиецот Радамел Фалкао.

Фалкао погоди против својот поранешен клуб, голот не го прослави туку се извини до домашните навивачи, овие веднаш станаа и со аплауз и овации го поздравија нивниот поранешен миленик кој во Порто одигра две сезони а постигна 41 гол на 51 натпревар.