24фудбал

Тренерот на Шахтар на прес конференција се појави како Зоро! (ВИДЕО)

Тренерот на Шахтар, Пауло Фонсека го исполни ветувањето и по победата над Манчестер Сити на прес конференцијата се појави облечен како Зоро.

Лига на Шампиони

Фонсека вети дека ако ја поминат групната фаза ќе се маскира како Зоро, многумина помислија дека се шегува, но тој навистина го направи тоа.

„Зоро е мојот херој од детството. Ова ми е највеселата прес-конференција во мојата кариера. Навистина сум среќен, не само навивачите на Шахтар, туку сите Украинци можат да бидат горди на овој успех“, изјави Фонсека.

Шахтар синоќа го победи Манчестер Сити со 2-1 и обезбеди место во осминафиналето од Лигата на шампионите.