24фудбал

ЛЕ: Славје во Белград, но и огромна трагедија, Црвена Звезда обезбеди европска пролет (ВИДЕО)

Комплетирана е групната фаза во Лига Европа.

Лига Европа

Белградска Црвена Звезда славеше минимална победа од 1-0 над Келн и со тоа го обезбеди второто место во групата „Х“ каде како првопласиран заврши Арсенал.

Единствениот гол на мечот во Белград го постигна Срниќ во 22. минута од средбата.

Српските медиуми јавуваат и за трагичен начин од мечот во Белград. Срцето на еден навивач на Црвена Звезда не ги издржало возбудувањата, а лекарите не успеале да му го спасат животот по што тој починал.


Европска пролет ќе има и бугарски Лудогорец, кој пак со ремито кај Хофенхајм од 1-1 го освои второто место во групата „Ц“ каде како прв на табелата во оваа конкуренција во следната фаза патува Брага.


Охс во 25. минута ги доведе домаќините во водство од 1-0, а голот за израмнување го постигна Вандерсон во 62. минута. Евентуален пораз на бугарскиот претставник ќе значеше губење на второто место и прогрес за Башакшехир.


Резултати:

Аполон – Евертон 0:3

Аталанта – Лион 1:0

Австрија Виена – АЕК 0:0

Башакшехир – Брага 2:2

Динамо Киев – Партизан 4:1

Копенхаген – Шериф Тираспол 2:0

Хофенхајм – Лудогорец 1:1

Ријека – Милан 2:0

Славија Прага – Астана 0:1

Вилјареал – Макаби Тел Авив 0:1

Јанг Бојс – Скендербег 2:1