Категорија: Англија 13.12.2017 22:58
Манчестер јунајтед со голот на Лукаку славеше минимална но мошне значајна победа на домашен терен против Бурнемаут и со тоа на некој начин ја продолжи трката со Манчестер Сити за првото место на табелата.
Тотенхем мина мошне
сигурно во дуелот со Брајтон пред своја публика славејќи победа од 2-0, а
головите за домаќините ги постигнаа Орие и Сон.
Од останатите натпревари го бележиме киксот на Ливерпул пред своја публика играјќи реми без голови против ВБА, како и идентичниот резултат на мечот помеѓу Вест Хем и Арсенал.
Табела: 1. Манчестер Сити 49, 2. Манчестер јунајтед 38, 3. Челси 35, 4. Тотенхем 31, 5. Ливерпул 31, 6. Барнли 31, 7. Арсенал 30...