24фудбал

На Клоп сите му се смеат на оваа изјава: Не бев тренер на Ливерпул кога беа продадени Суарез и Стерлинг, сега сум и Кутињо не го продаваме!

Германецот на мета на потсмев на социјалните мрежи.

Англија

Очигледно е дека германскиот фудбалски стратег од клупата на Ливерпул има проблем со реалноста на денешниот трансфер пазар, за тоа сведочат и неговите убедувања кои јавно ги презентираше.

Не бев тренер на Ливерпул кога Суарез беше продаден, ниту кога тоа се случи со Стерлинг. Сега сум тренер на овој клуб и ние нема да го продадеме Кутињо“ рече Клоп во септември минатата година.

Овие коментари, како и оние за кои зборуваше за лудиот трансфер пазар и огромните средства кои се трошат на трансфери а се попишмани во своите изјави со ангажманот на Ван Дијк за 85 милиони евра се веќе мета на потсмев на социјалните мрежи, еве ги дел од реакциите...