24фудбал

Нејмар со порака до Кутињо по трансферот во Барселона: Сигурен сум... (ФОТО)

Нејмар со реакција на социјалните мрежи по трансферот на неговиот сонародник Кутињо во Барселона.

Шпанија

Заврши трансфер сагата со Бразилецот Филипе Кутињо, Ливерпул и Барселона си подадоа рака за договор од 160 милиони евра кои Каталонците треба да ги искешираат за овој трансфер.

Интересна порака на социјалните мрежи имаше неговиот сонародник од репрезентацијата, Нејмар кој минатиот летен преоден рок токму од Барселона премина во редовите на ПСЖ за рекордни 222 милиони.


Многу сум среќен поради тебе, ти го посакувам сиот успех на светот, сигурен сум дека ќе бидеш среќен!!! И, кажи ми, дали таа фризура е во мода?“ напиша Нејмар на социјалните мрежи а притоа се пошегуваше на сметка на неговиот сонародник за неговата фризура.