24фудбал

Абидал за битката со ракот: Знаете што ми рече Меси? Повеќе не праќај видеа...

Ерик Абидал со медиумите од Франција разговараше за голготата која ја помина откако му беше дијагностициран рак на црниот дроб, вели дека болеста силно ги погодила и соиграчите кои го замолиле да не им испраќа видеа

Шпанија

Левиот бек во 2011 доби лоши вести, поточно дека боледува рак и мораше веднаш да замине на операција. Следната година одново беше „под нож“, овој пат за трансплатација на црн дроб.

Ерик Абидал ја победи болеста и успеа да се врати во дресот на Барселона, но тој повеќе не беше истиот фудбалер, и по кратка авантура во Монако и Олимпијакос реши да се пензионира.

Французинот сега откри повеќе детали за периодот кога бил надвор од стројот.

„Чувствував болка која ќе ја паметам целиот живот, не можев да ја поднесам – вели Абидал. „Кога докторот ми кажа дека ќе правам втора операција бев среќен! Не би сакал никој да страда на ваков начин.

Тој исто така раскажа и една епизода со Лео Меси, и тоа како целиот тим бил погоден од она што му се случувало.

„Бев многу слаб, и пред еден натпревар направив видео за момците со цел да ги развеселам, им кажав да не се грижат бидејќи се уште се држам и сум тука. Знаeте што ми кажа Меси? Повеќе не ни испраќај вакви видеа, не боли многу. Не гледав така на работите, им велев дека само ги охрабрувам, а тие ми кажаа дека кога ме гледале мене како да гледале мртовец и биле многу вознемирени.

Ерик Абидал исто така открива дека плачел кога Тјери Анри дошол да го посети во болница.