24фудбал

Физички тестови во воведниот дел од подготовките за Вардарци (ФОТО)

Македонскиот првак се подготвува за вториот дел од сезоната во домашниот фудбалски шампионат.

Македонија

Во воведниот дел од подготвителниот период, фудбалерите на Вардар ги одработуваат и физичките тестови, како што стои на официјалниот клупски сајт, тоа ќе послужи да се провери формата кај фудбалерите, како и неопходните лекарски прегледи.

Спроведени се тестови на функционалните и моторичките способности на фудбалерите пред продолжувањето на подготовките за пролетниот дел од сезоната.

Идниот вторник, експедицијата на Вардар заминува на подготовки во Анталија каде ќе одигра и шест пријателски натпревари.


 

Извор/Фото: fkvardar.mk