24фудбал

Постои надеж за Реал Мадрид, Икарди може да замине од Интер на крајот од сезоната, но под еден услов

Европскиот и шпански првак се повеќе и повеќе се поврзува со трансфер на аргентинскиот напаѓач.

Италија

Реал Мадрид се поврзува со трансфер на напаѓачот на Интер, Аргентинецот Мауро Икарди, а според денешните информации кои ги објавува „Газета дело Спорт“, талентираниот напаѓач би можел да ги напушти Нероаѕурите на крајот од оваа сезона.

Според италијанскиот медиум, Икарди би притискал да го напушти клубот само доколку пропаднат амбициите на клубот од Милано идната сезона да биде дел од групите во Лигата на шампионите.

По фантастичниот старт во новата сезона следеше голем пад во формата на Интер кој сега со 42 бода се наоѓа на третото место на табелата со големо заостанување зад Наполи и Јувентус, а ќе претстои тешка битка до крајот со Лацио и Рома за последните две места кои водат во елитното европско клупско натпреварување.

Икарди има откупна клаузула во договорот со Интер која изнесува 110 милиони евра, па врз основа на сите случувања на европскиот трансфер пазар, тоа не би било проблем за еден гигант од типот на Реал Мадрид.

Сепак, постојат најави кои велат дека наскоро Аргентинецот ќе потпише нов договор со клубот со што откупната клаузула ќе му се искачи на 200 милиони евра, но останува времето да покаже што ќе се случи во иднина.