24фудбал

Венгер не го сака Мики, сака Јунајтед да вметне негов сонародник во зделката за Санчез

Медиумите од „Островото“ откриваат нови детали од можниот трансфер на Алексис Санчез на Олд Трафорд, Арсен Венгер бара да го добие неговиот сонародник Антони Марсијал како дел од зделката

Англија

„Црвените ѓаволи“ се обидуваат да го „украдат“ Чилеанецот од лутиот ривал Манчестер Сити.

Алексис Санчез подолго време е желба на Пеп Гвардиола, „Граѓаните“ во последниот ден од летниот преоден рок беа на чекор до потпис со играчот но Арсенал се откажа во 5 до 12.

Манчестер Сити сега одново тропна на вратата на „Топчиите“, но клубот од Етихад не сака да понуди повеќе од 20 милиони фунти бидејќи фудбалерот ги одработува последните шест месеци од договорот.

Токму ова сака да го искористи Жозе Мурињо и со 25 милиони фунти да му нанесе пораз на Пеп Гвардиола на трансфер пазарот.

Манчестер јунајтед дури е подготвен во целата зделка да го вметне и Хенрих Мхитарајан. Но последните информации велат дека Арсен Венгер не е заинтересиран за Мики и преферира за возврат да го добие неговиот сонародник Антони Марсијал.