24фудбал

Три големи ѕвезди пристигнуваат во Арсенал по трансферот на Алексис Санчез

Алексис Санчез треба да замине од Емирати во следните 48 часа, а неговиот трансфер би можел да предизвика реакција кај „Топчиите“ и пристигнување на три големи ѕвезди

Англија

Чилеанецот наскоро треба да заврши во Манчестер, иако се уште не е јасно дали во црвената или сината половина. Како што стојат работите „Црвените Ѓаволи“ треба да ги поразат локалните ривали на трансфер пазарот.

Заминувањето на Алексис Санчез како и лошите резултати, би можеле да предизвикаат реакција кај „Топчиите“ и во Северен Лондон да пристигнат три големи ѕвезди до крајот на јануари.

ХЕНРИК МИХИТАРЈАН

Ерменецот би требало да биде дел од трансферот на Алексис Санчез на Олд Трафорд. Венгер е голем фан на Мики, и на Французинот му беше понудена шансата да го купи играчот уште кога тој беше дел од Дортмунд. Арсен Венгер исто така го цени многу и Антони Марсијал, но „Црвените Ѓаволи“ не се подготвени да се разделат со Французинот.

МАЛКОМ

20 годишниот Бразилец е на радарот на многу гиганти од Eвропа, но се верува дека Арсенал е во пол-позиција. Во Малком, Арсен Венгер гледа идеална замена за Алексис Санчез. Фудбалерот на Бордо на Емирати би требало да пристигне за 35 милиони фунти.

ПЈЕР ЕМЕРИК ОБАМЕЈАНГ

Летното засилување Александре Лаказет добро ја започна кариерата во Арсенал но Французинот влезе во голгетерски пост, па Пјер Америк Обамејанг ќе треба да биде одговорот на слабата реализација. Габонецот како казна беше изоставен од тимот на Дортмунд за вчерашниот дуел со Волфзбург, па тоа само ги подгреа шпекулациите за негов трансфер. Се шпекулира дека Арсенал веќе се има договорено со напаѓачот и работи на реализација на зделка од 60 милиони евра (53 милиони фунти).