Категорија: Англија 17.01.2018 00:12
Лестер се помачи за да стигне до четвртата рунда натпревари од англискиот ФА Куп, откако на домашен терен пред своја публика славеше со 2-0 над нисколигашот Флетвуд, претходно во првиот меч двете екипи одиграа меч без голови.
Двата гола за Лестер ги постигна 21 годишниот Нигериец Илхеначо, а еден од нив ќе влезе во историјата на англискиот фудбал како прв кој бил доделен по прегледување на снимките, односно со ВАР-технологијата.