24фудбал

Таткото на Гигс: Се срамам од него, кога ќе го видам на екраните, го исклучувам телевизорот, целото семејство тоа го прави

Рајан Гигс се уште не собрал храброст да се извини на својот брат, кому му заби нож во грб откако имаше љубовна афера со неговата сопруга.

Останато

Дени Вилсон, таткото на новиот селектор на репрезентацијата на Велс, Рајан Гигс, призна дека целото семејство и натаму го избегнува поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед поради љубовната афера со сопругата на својот помлад брат Родри.

Не можам дури ниту да го изговорам неговото име, го користам изразот “поранешен фудбалер“. Како постара осаба, тој требаше да го чува брат му, не да му забие нож во грб, на најлош можен начин го предаде својот брат, немаше храброст ниту да се извини“ изјави Дени Вилсон за медиумите на Островот.

Требаше да бидам најгордиот татко на светот поради тоа што го постигна, но јас се срамам од него. Сега, кога ќе го видам на екраните, го исклучувам телевизорот, целото семејство тоа го прави. Тој не може да биде селектор, тренер треба да биде човек кој е почитуван во друштвото“ додаде тој.

Инаку романсата траела седум години, а братот на Рајан Гигс кога дознал за тоа се развел од својата сопруга, од тогаш тој не комуницира со поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед.