24фудбал

Повредата на Дембеле пролонгира еден бонус за Борусија Дортмунд

Францускиот интернационалец повторно се повреди, а тоа значи дека тешко ќе стигне до бројката од 25 натпревари сезонава.

Шпанија

Осман Дембеле повторно заработи повреда и ќе паузира речиси еден месец, барем така се најавува.

Барселона во договорот кој го направи со Борусија Дортмунд за трансферот на младиот француски офанзивец, има обврска на бундеслигашот да му исплати бонус од пет милиони евра кога Дембеле ќе одигра 25 официјални натпревари.

Дембеле досега одигра седум натпревари, на кои забележа 141 минута на терените, во продолжение ќе пропушти минимум осум натпревари, па така тешко дека би стигнал до бројката од 25 настапи до крајот на сезоната.

Очекувањата се Барселона да ги исплати петте милиони евра најверојатно дури на есен.