24фудбал

Гатузо во елемент: Одо „јадеше“ шамари, Милан не е Бред Пит туку е грд како мене

Џенаро Гатузо имаше интересна средба со новинарите во пресрет на дуелот со Удинезе, пoпуларниот Рино откри дека на времето знаел да му „залепи“ некоја шлаканица на Масимо Одо, кој утре ќе му биде противник

Италија

На Сан Сиро, Милан утре го пречекува Удинезе, натпревар на кој ќе се надмудруваат двајца млади стратези кои играа долги години заедно во репрезентацијата на Италија но и во дресот на „Росонерите“.

„Имам поминато многу со Масимо Одо, се работи за интелегентна и смешна личност. Успехот кој го забележа доволно говори за него. „Јадеше“ неколку шамари од мене на времето поради шегите кои ги правеше. Имавме многу различни идеи за тоа како треба да се подготвиме за натпревар“ - вели со насвмека на лицето Џенаро Гатузо.

Откако лошо ја започна авантурата на кормилото на Милан, „Росонерите“ сега врзаа три победи во низа.

„Не летам во облаци, се обидувам да што помалку да читам што велат луѓето за мене зошто знам дека ме чека долг пат“.

„Не треба да заборавиме што велеа луѓето за мене пред шест недели. Во моментов не сме Бред Пит, треба да продолжиме да бидеме грди како мене и мојата брада со потемнети подочњаци“.