24фудбал

Енфилд во неверица, помошникот наседна на глумата на Ламела (ВИДЕО)

Средбата помеѓу Ливерпул и Тотенхем имаше драматична завршница, Хари Кејн во 95. минута донесе 2-2 од сомнителен пенал, домаќините не можеа да поверуваат како помошникот наседна на глумата на Ламела

Англија

Во послендите мигови од средбата, Ван Дајк се обиде да расчити една топка, но кога сфати дека нема да успее, ја повлече ногата. Неговото подигнато колено имаше минимален контакт со грбот на Ерик Ламела, кој падна покосен како некој да му забил нож. Судијата во прв момент не досуди ништо и остави играта да продолжи, но на сигнал на неговиот помошник се предомисли и покажа на белата точка.

Домаќините не можеа да поверуваат дека ова е пенал, а за одлуката на помошникот, Јирген Клоп упати ироничен аплауз.