24фудбал

Дали линискиот судија го прослави пеналот? (ВИДЕО)

Камерите уловија интересен момент на мечот помеѓу Ливерпул и Тотенхем, линискиот судија се израдува на досудениот пенал во судиското продолжение.

Англија

Натпреварот помеѓу Ливерпул и Тотенхем имаше луд и контроверзен финиш кој заврши со пенал за гостите. Главниот судија најпрво одмавна, но помошникот го викна и го убеди дека Ван Дајк направил прекршок врз Ламела. Откако успеа да влијае на одлуката и беше досуден пенал, тој направи гест со раката кој предизвика рекации. Се израдува ли помошникот на пеналот?