24фудбал

Голот на Пандев донесе „мајтап“ на сметка на Интер и Андре Силва (ФОТО)

Македонскиот репрезентативец му направи проблеми на својот поранешен клуб, а воедно и напаѓачот на Милан.

Македонија

Синоќа Џенова славеше победа на гостувањето кај Лацио со 1-2, а првиот гол за гостите, против својот поранешен клуб го постигна нашиот Горан Пандев кој и на 34 години умее со фудбалската топка.


На социјалните мрежи сепак неговиот гол донесе шега на сметка на Интер, но и на напаѓачот на Милан, Андре Силва.

Горан Пандев близу своето пензионирање се уште игра подобро отколку целиот напад на Интер“ напиша еден фудбалски фан.


Дури и Горан Пандев има повеќе голови во однос на оваа ѕвезда“ напиша друг мислејќи на Андре Силва, напаѓачот на Милан кој нема постигнато гол во Серија А.