24фудбал

Алегри нема да ризикува со Дибала за вечерашната пресметка со Тотенхем

Јувентус го објави списокот на фудбалери за првата пресметка со премиерлигашот од Лондон.

Лига на Шампиони

Пауло Дибала е изоставен за вечерашната прва пресметка со Тотенхем во рамките на двомечот во осминафиналето од Лигата на шампионите.

Иако Аргентинецот се врати на тренинзите по повредата со која се здоби на мечот против Каљари на 7 јануари, шефот на стручниот штаб на Јувентус, Масимилијано Алегри смета дека тој се уште не е подготвен.

Исто така, во составот на Старата Дама ги нема и Барзаљи, како и Матуиди, кои поради повреда отсуствуваат.