24фудбал

Жиру во првиот настап во дресот на Челси на Стемфорд Бриџ почна да „крши“ кичми, а го имаше и насекаде на теренот (ФОТО+ВИДЕО)

Французинот имаше одлично издание во своето деби за англискиот првак .

Англија

Оливие Жиру во изминатиот зимски јануарски преоден рок од Арсенал премина во ривалот од Лондон, Челси, а се чини дека одлично се вклопи во играта на неговиот нов клуб уште во своето деби кое го имаше синоќа на Стемфорд Бриџ.

Инаку, генерално францускиот напаѓач дебитираше за Челси на гостинскиот пораз од 4-1 кај Ватфорд каде одигра 26 минути.

Челси славеше со 3-0 по една блескава партија на првата ѕвезда на тимот Еден Азар, но одлично издание во своето деби имаше и Жиру, кој уште на дебито за Сините од Лондон почна да „крши“ кичми на противници, а притоа, тој беше еден од асистентите во двата гола на Азар...

Францускиот напаѓач кој играше се до 62. минута синоќа (додека резултатот гласеше 1-0) го имаше насекаде низ теренот на Стемфорд Бриџ...