24фудбал

Хегази го оттурна Канте како во дуел со мало дете, Азар не сакаше ниту да се помачи да го сопре (ВИДЕО)

Египјанецот со одлични потези во неколку секунди.

Англија

ВБА со пораз од 3-0 синоќа се врати од гостувањето кај Челси во редовното коло од англиската Премиерлига, а неколку потези на нивниот фудбалер Ахмед Хегази се издвоија како најдобри за гостинскиот табор.

Египјанецот за момент ја загради топката и го оттурна Канте кој делуваше толку немоќно во овој дуел, потоа „насанкан“ беше дури и Азар кој имаше блескаво издание, а потоа повторно си „поигра“ со Канте...