24фудбал

Манчестер јунајтед со двајца фудбалери на врвот на листата на најпродавани дресови (ФОТО)

Трансферот на Санчез во Манчестер јунајтед очигледно на големо ги израдува фановите на тимот од Олд Трафорд.

Англија

Дресот на Алексис Санчез е најпродаван оваа година во Премиерлигата откако е позната листата на дваесетте најпродавани дресови, на која доминираат фудбалери на Манчестер јунајтед.

Генералниот извршен директор на тимот од Олд Трафорд, Ед Вудворд, пред само неколку денови истакна дека поставен е рекорд во однос на продажбата на дресови, најмногу благодарение на Алексис Санчез, дури за три пати повеќе во однос на претходниот рекорд.

На листата која носи резултати од онлајн-продажбата од страна на „СпортсДирект“ во Велика Британија, се најде и дресот на Кутињо од Барселона.



Извор: sportsdirect.com